Obedineti nacii (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 23
Вовед
Обединетите Нации е меѓународна организација
основана на 20 јуни 1945год.во Сан Франциско.Како ден на нејзиното основање се
слави 24 октомври секоја година.Обединетите нации произлегуваат од Друштвото на
народите основано во 1919год.Седиштето на ООН се наоѓа во Њујорк,САД.Во неа
моментално членуваат 192 држави,со исклучок на Ватикан(кој е единствената
држава набљудувач)сите меѓународно признати и независни држави се членки. Други
политички ентитети,имено Република Кина(Тајван),Демократска Република на
Арапска Сахара,(Западна Сахара) и Палестина,имаат де факто независност и/или
одредено меѓународно дипломатско признание од одредени држави,но не се членки
наа ООН.Членството на ООН е отворено за сите мирољубиви држави кои ги прифаќаат
обврските на Повелбата на Обединети Нации и според оценката на
организацијата,се способни и имаат желба да ги исполнат тие обврски.Генералното
Собрание го одредува приемот по препорака на Советот на Безбедност. Името
Обединети нации го дал Франклин Рузвелт за време на Втората светска војна како
групна референца за сојузничките сили. Првата формална употреба се наоѓа во
Декларацијата на Обединети нации од 1942 год.која ги обврзувала сојузниците кон
принципите на Атланскиот пакт и ги обврза да не бараат посебни мировни
преговори со Силите на Оската.За време на втората светска војна потпишани се
неколку спогодби кои се однесуваат на конституирање неколку значајни
организации(UNNRA,IBRD,FAO,ICAO)и др,за во понатамошен период се работи на
создавање на рамка која ке го замени друштвото на народите.На конференциите во
Јалта,Вашингтон и Сан Франциско се договорени суштинските поединости за
создавање меѓународна организација која ќе ги респектира принципите на универзалност,хуманост
и конзенсус на светско ниво.Конечно во Сан Франциско на 26 јуни 1945 год.се
потпиша Основачка повелба на ОН од страна на 50 држави,и истата стапи во сила
на 24 октомври 1945 год.кога организацијата формално профункционира. Името било
пренесено на новата организација која била воспоставена од победниците на
војната во рамките на одредбите на Атланскиот пакт и др.договори.
1. Повелбата на ООН ја напушта идејата за
индивидуална национална моќ и ја заменува со идејата за колективна одбрана и
колективна безбедност на сите земји членки на меѓународната заедница.Во врска
со функционирањето на ООН во вториот прстен колективна безбедност,привлекува
внимание Агенадата за мир на генералниот секретар на ООН,кој разликува пет
категории на операции за подршка на мирот:
Превентивна дипломатија- Се презема за
превенција на недоразбирањата,кои настанале помеѓу страните,со цел да не се
прошират и не прераснат во конфликт,како и ограничување на неговото понатамошно
ширење.Превентивна дипломатија подразбира и вклучување на воена експертиза,како
и разместување воени единици во кризните региони.
Миротворство-Е процес на решавање на
недоразбирањата,преку дипломатија,медијација,преговарање и други форми на мирно
договарање(Чешко-Словачкиот случај во споредба со останатите,е одличен пример
на мирољубиво решавање на конфликтите)како и воено инволвирање до ниво на
специјалисти за одделни прашања.Мирното решавање на споровите според Глава VI
од Повелба на ООН,и системот на колективната безбедност според Глава VII од Повелбата,претставуваат
два напоредни пристапи за обезбедување на меѓународниот мир.Во колективните
принудени мерки се вбројуваат и индивидуалната и колективната
самоодбрана,според членот 51 од Повелбата,и регионалните спогодби според Глава
VIII од Повелбата.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!